Нашата пејачка се пофали со подарокот што ѝ го купил сопругот за годишнина – блеска од среќа покрај него
Подарокот што го доби од сопругот ја воодушеви пејачката.
Татијана блеска од среќа покрај овој човек.
Малкумина знаат, но една од најпривлечните жени на фолк-естрадата, битолчанката Татијана Стефановска повеќе од деценија е во брак со нејзиниот колега, музичарот Митко Бежаноски.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
Плод на нивната голема љубов е нивната ќерка Ана која долго ја чекаа.
Во 2021 година, после 9 години брак, Татијана на свет ја донесе Ана, која денес е ентар на нивниот свет и мотив уште повеќе да се трудат во животот.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
По породувањето извесен период Татијана се повлече од малите екрани, но сега работи со полна пареа.
Целосно е посветена на мајчинството иако не се откажува од музиката и редовно има настапи.
а многу кратко време по породувањето Татијана ја доведе линијата до совршенство, па со право може да се каже дека се вбројува меѓу најзгодните мајки на естрадата.
ФОТО: Инстаграм / Татијана Стефановска
На големиот празник Пресвета Богородица Татијана и Митко славеа 12 години брак, па по тој повод пејачката сподели фотографија од нивната свадба, но и се пофали со подарокот што го добила за годишнина од сопругот.
Имено станува збор за паметен часовник, кој ќе ѝ биде од голема помош и за работа.