Нашата најубава спортистка сподели преубава вест – пристугнуваат честитки од сите страни (фото)
Го покажа трудничкиот стомак, ја сподели најубавата вест

Нашата позната спортистка објави среќни вести
Поранешната македонска кошаркарка, Едина Муса, откри дека влегува во петтиот месец од бременоста.
Едина Муса која важи за една од нашите најубави спортистки и која сега работи и како фитнес инструкторка и нутриционистка ги изненади сите со една од своите фотографии на социјалните мрежи.
Имено, таа позираше во тесен црн фустан, а во центарот на вниманието е нејзиното мачо трудничко стомаче кое веќе се познава.
Инстаграм/ Едина Муса
И како што самата откри, таа навистина е бремена, а држејќи се за стомакот напиша Ти си се што посакував, 118 дена заедно.
Инстаграм/ Едина Муса
На фотографијата јасно се гледа нејзиното стомаче, но и насмевката на Едина која максимално ужива во бременоста.
Потсетуваме, Едина пред неколку недели го прослави сојот 33 роденден, а се уште важи за една од нашите најубави и најзгодни спортистки.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа игра кошарка од свои шест години, а скоро две децении тренира и фитнес, па на својот Инстаграм профил често знае да сподели и фотографии и снимки од напорните тренинзи со кои ги воодушевува своите бројни следбеници.
Инстаграм/ Едина Муса
Пред самиот почеток на летото убавата русокоса привлече внимание и со фотките на кои позираше во шорц и костим за капење, а многумина забележаа дека има пирс на стомакот, но и дека е во топ форма.
Како Едина изгледаше и во ова свое издание, некаде на почетокот од бременоста, погледнете во продолжение….