Нашата најубава пејачка била натепана во ноќен клуб, насилството го извршила жена – од љубомора ли?

Елена Ристевска, една од нашите најубави поп пејачки наводно била нападната во ноќен клуб во Скопје.
Оваа вест ја објави порталот „Скопје1“ кој наведува дека информацијата е потврдена и од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, Ристевска била нападната од женско лице, но полицијата засега не открива повеќе детали за овој немил настан кој се случил во познат ноќен клуб во Скопје.

Наводно, како што пишува порталот, инцидентот се случил во доцните ноќни часови, околу два часа по полноќ, а пејачката била удрена со тврд предмет.
Засега не се знае ни дали е повредена Елена, ниту кои се мотивите за нападот, но полицијата уверува дека ќе бидат расчистени сите околности на овој инцидент кој ја шокира јавноста.

Елена Ристеска деновиве беше актуелна и се најде во рубрика за најубаво облечена девојка на денот.
Таа беше облечена во кусо црно фустанче во комбинација со црна кожна јакна и високи црни потпетици.

Откако на социјалните мрежи ги објави своите фотографии доби илјадници лајкови. Елена важи за мошне пријатна и срдечна девојка, така што навистина естрадата е шокирана кои би можеле да бидат причините пејачката да биде нападната во ноќен клуб.

На социјалните мрежи сите се прашуваат кој и зошто би ја нападнал Елена, а со оглед на тоа што нападот го извршила жена се претпоставува дека мотивите треба да се бараат само во едно – голема и болна љубомора.




