Нашата најзгодна фолк пејачка го поматува умот – во петтата деценија изгледа подобро од кога било досега
Носи фустан со кој никого не остави рамнодушен
Нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска со својот шарм предизвикува внимание каде и да се појави.
Таа знае како да се експонира кога е на некоја прослава, а во последно време поприлично е активна и на социјалните мрежи.
Таа редовно објавува фотографии како од своите настапи, така и во секојдневни изданија со кои ги импресионира сите.
Пејачката овој пат носеше преубав црн фустан со длабок шлиц и уште подлабоко деколте со кој ги истакна своите раскошни облини.
Велевска едноставно блескаше во ова свое издание со кое настапи во еден локал и привлече големо внимание во јавноста.
Со провокативниот шлиц и длабокото деколте пејачката ги распамети сите, а целиот стајлинг го дополни со розов кармин.
Косата и беше пуштена и со нежни локни, а посебно внимание привлече кога ја спушти камерата надолу.
Како шармантната пејачка изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Елена ова селфи видео го објави на својот Инстаграм профил и доби голем број комплименти за својот изглед.
„Божествена жена“, “Несекојдневна дама“, „Најубава“, „Ех, кога оваа убавина би ми била пред очите“, беа само некои од коментарите.
Бонус галерија
Велевска во црвено од глава до пети
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска