Нашата најголема Пинк ѕвездичка во здолниште што е хит ова лето – Македонките го обожаваат, го имате и вие во плакарите!
Пејачката ужива за сите пари ова лето…
Антонија Гиговска објави неколку нови фотографии, а на сите во очи им падна едно парче што ќе биде хит ова лето.
Младата пејачка која се прослави со учеството во шоуто „Пинк ѕвездички“ и која сега е една од најпознатите пејачки кај нас, на социјалните мрежи важи и за голема љубителка на модата.
Таа постојано е дотерана од глава до пети и обожава да носи тренди парчиња, а за нејзиниот стил најчесто се грижи стилистката Викторија Бурсак, која на Инстаграм стои зад профилот stylemebursak.
Што се однесува до ова последно издание на Гиговска, овој пат кај шармантната пејачка можевме да го забележиме еден од најголемите летни трендови кој оваа сезона се врати на голема врата и е хит меѓу светските ИТ девојки.
Претпоставуваме дека веќе погодувате за што станува збор.
Да, во прашање е тексас здолништата кои оваа сезона ги гледаме на секој чекор, како на улиците, така и во излозите од продавниците.
Гиговска својот модел го комбинираше со минијатурен кроптоп во розова боја, розова чанта и бели патики.
Повеќе од сигурни сме дека и вие некаде на дното од вашиот плакар имате барем едно здолниште од џинс кое веќе со години не сте го облекле. Но можеби токму сега е вистинскиот момент да го вметнете во вашето секојдневие, но и во вечерните изданија, и да заблескате во сиот сјај.
Можете да ги носите како со високи потпетици, така и со рамни сандали, еспадрили или патики како и Гиговска.
Повеќе фотографии од тоа како таа изгледаше во ова издание, но и како да го „фурате“ овој тренд, погледнете во продолжение.
Бонус галерија
Наместо фармерки, носете тексас здолниште!
Наши предлози за вашите плакари
Urban Outfitters
Ksubi
Mango
Zara
Topshop
Mango
Rails
Mango
Goodamerican
Freepeople
Zara
Old Navy
Urban Outfitters
Mango
Cos
Free People
Mango
Mango
Zara