Реклама
Наши ѕвезди

Нашата идна докторка растури на Макфест – во кусото фустанче им го украде шоуто на колешките (фото)

Македонската Гранд ѕвезда изгледаше како вистинска дива кога се појави на црвениот килим

Реклама

Младата пејачка Славица Ангелова по победата во „Ѕвездите на Гранд“ целосно се посвети на својата музичка кариера.

Таа цело лето настапуваше на најразлични настани, а со својот глас, но и изглед, привлекуваше внимание каде и да се појави.

Овој пат Славица е во фокусот на вниманието со својата најнова песна со која што настапи на фестивалот Mакфест во Штип.

Маркетинг

Инстаграм/ Славица Ангелова

Но покрај убавата песна, пејачката привлече внимание и со својот моќен изглед, заради кој доби и бројни коментари.

Маркетинг

Имено, Славица објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира во кусо фустанче кое совршено го истакна нејзиното тело. Креацијата беше зачинета со светкави детали во горниот дел, додека во задниот беше со голем отвор така што и покрај тоа што фустанот беше поприлично затворен, токму заради голиот грб како и заради должината, Славица изгледаше мошне с*кси.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Потсетуваме, Славица својата кариера ја започна во „Ѕвездите на Гранд“ каде ги освои сите како со својот глас, така и со својот атрактивен и егзотичен изглед на кој никој не може да остане имун.

Инстаграм/ Славица Ангелова

По победата во ова шоу убавата струмичанка стекна голема популарност, а покрај својата успешна музичка кариера, таа и студира.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Имено, Славица студира на медицинскиот факултет во Бугарија, па покрај тоа што е пејачка која мами воздишки со својот софистициран и елегантен стил, таа еден ден ќе заблеска и во бел мантил како докторка и ќе лечи, и тоа не само со песна.

Инстаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button