Нашата водителка преубава НЕВЕСТА – го кажа судбоносното ДА во Бигорски
Уште една наша водителка „рипна во тавче“ и го кажа судбоносното ДА. Убавата Ведрана Ѓоргиевиќ со својот избраник Андрија ја овековечија својата голема љубов и пред бога и пред законот.
Свадбата се случила на 22 септември во Бигорскиот манастир. Парот пресреќен, како што можеме да забалежиме од фотографиите.
Ќе се потсетиме дека Андрија ја запроси Ведрана оваа година во февруари на Занзибар,
Нашата позната водителка му се обрати на саканиот со ПРЕУБАВИ ВЕСТИ, ова е момчето што ја освои
Инаку, тие се долго време заедно. Андрија е Србин, а љубовта започнала во Скопје. Како што самата Ведрана откри во една пригода, таа го запознала Андрија во музичкиот бар „Интермецо“ кога тој пуштал музика.
Ведрана невеста од насловните страници, одбрала елегантен фустан од сатен со чист крој, едноставно и совршено.
Со мал детал на половината, фустанот го одзема здивот. Невстата се одлучила за долг и раскоѓен вел и минималистички бидермаер целиот од бели цветови.
Погледнете низ галеријата како изгледаше нивната венчавка.
Им честитаме на младите!