Нашата водителка и во шестата деценија е топ риба – по ТЕШКАТА БОЛЕСТ Лила никогаш поубава и посреќна
Изгледа феноменално, што и да облече блеска
Важи за една од најзгодните и најпосакуваните водителки иако веќе ја гази шестата деценија од животот.
Малкумина знаат дека Лила Филиповска е родена во Шведска, каде како мала со своите родители живеела цели 12 години.
Покрај водителството, ова наше познато ТВ лице своевремено се занимаваше и со музика, а стана популарна со квизот „Енигма“.
Принтскри/ Јутјуб
Таа зад себе има два брака и синот Филип кој е од нејзиниот прв брак, а нејзините родители по потекло се од скопското село Виниче.
Имено од таму потекнува нејзиното семејство, а популарната водителка не само што никогаш не го криела тоа, туку многу често знае и да го посети ова место каде понесена од сеќавањето на своето најрано детство ќе сподели интересни моменти.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
И додека беше пејачка, важеше за една од најпопуларните во тоа време и имаше голем број соработки со најпознатите музичари.
Но по некое време, односно нешто по разводот од нејзиниот втор сопруг, Орце Димитровски, водителката реши да ја батали музиката и целосно му се посвети на водителството. И еве, веќе со децении е на самиот врв кога е оваа професија во прашање,
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па така за водителката и денес често можете да прочитате коментари дека изгледа подеднакво добро како и на почетокот од својата кариера, а не ретко дека сега е дури и поубаво од кога било досега.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Но има и такви кои тврдат дека нејзиниот изглед е плод на естетски корекции, додека други сметат дека за нејзиниот шарм покрај генетиката и редовните тренинзи најважна е и енергијата со која што зрачи.
Како и да е, вистината е дека оваа жена и во шестата деценија блеска, но и дека знае како да ги избере вистинските парчиња за себе.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Тоа впрочем може да се забележи и од нејзиниот Инстаграм профил каде редовно ги споделува своите модни комбинации.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
На овие нејзини изданија можат да и завидуваат и многу помлади дами, а дали тоа навистина е така или не, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па кое од овие изданија на Лила ви се допаѓа најмногу?