Наш познат доктор од Клиника за токсикологија предупредува за коронавирусот: „Ова никако НЕ смеете да го правите!“
Еве со што се соочуваат нашите доктори во време на епидемија
За само неколку часа социјалните мрежи во Македонија беа преплавени од статусот на докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Тој на својот профил на Фејсбук објави предупредување дека некои граѓани се однесуваат апсолутно неодговорно во овие сериозни времиња.
Докторот апелира дека никој не смее да крие дека бил во контакт со луѓе кои се вратени од ризичните земји. Тој посебно ги предупредува таквите несовесни граѓани да не пијат парацетамол без да се консултираат со докторите, бидејќи така го доведува во опасност сопствениот живот, но и животот на своите најблиски како и здравјето на „белите мантили“ кои во овие моменти ни се најпотребни. Тој го спомена примерот на брачниот пар од Дебар и нивната лажна епидемиолошка анкета поради која може да згасне нечиј живот.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
На лагата и се кратки нозете
Овие денови болниците и клиниките мора да бидат празни и спремни за пикот на пандемијата кој ќе уследи за 2-4 недели.
НО, голем број граѓани, глумејќи ИТАР ПЕЈО, доаѓаат во здравствените установи, со претходно испиен ПАРАЦЕТАМОЛ, за да ја намалат фебрилноста и упорно криејќи дека биле во контакт со луѓе вратени од ризичните земји.
1. Ги доведувате во опасност Вашите најблиски, ПОСЕБНО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БАБИ, ДЕДОВЦИ 2. Ги доведувате во опасност здравствените работници, кои овие денови, се на првата бирбена линија. И „белиот мантил” ЗАБОЛУВА ОД КОРОНА, а сега МОРА да се здрави 100%. 3. Ги доведувате во опасност сите со кои ќе стапите во контакт. 4. Примерот со брачниот пар во Дебар и лажната епидемиолошка анкета, која ја дадоа, нека Ви биде најдобар пример. 5. ЛАГАТА ОВОЈ ПАТ ТРАЕ САМО 2 НЕДЕЛИ, А ПОСЛЕДИЦИТЕ…. 6. Дали ќе имате трошка совест, ако поради Вашата ујдурма ЗГАСНЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ-прашува д-р Беќаровски.
Еве уште неколку статуси на овој доктор:
„Не му верувате на Нико, ОК Baше право. Не му верувате на Венк, ОК демократија. Но верувајте барем на народните поговорки, во нив нели е собрана целата народна мудрост: “Подобро да се спречи, отколку да се лечи”, “Хигиената е половина здравје”, “Паметниот учи на туѓи грешки”“
„На 7 март, многумина ме обвинија дека џабе сеам страв. Денес 14 март, за последен пат ве молам, апелирам, вразумете се!!! Во спротивно на 21 март, Македонија ќе биде Дебар“.
„Богата Голема Британија има 4800 респиратори на 68.000.000 жители (1:14.167) Сиромашната мала Македонија има 120+45 (во приватните болници) респиратори на околу 1.700.000 жители (1:10.000) #ЗнаемеИможеме“
„Бугарија до 13 Април со вонредна состојба, а ЖЕЛНИТЕ за власт сакаат избори на 12 Април. Избори може и треба да има во регуларниот термин ноември-декември 2020. Благодарност до претседателот Стево Пендаровски кој има целосно разбирање !!!!“ предупредува докторот.
„По Гари Каспаров, вториот голем шахист е Венко Филипче. Вистински потези во право време !!!“
„Можеби некои претходни решенија на нашиот министер ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, за мене биле премногу десничарски, но овие денови носи МАЕСТРАЛНИ и ПРАВОВРЕМЕНИ решенија, во борбата со КОРОНА ВИРУСОТ. Покрај почит, како вистински негови колеги, овие денови треба сите до еден, БЕЗ ИСКЛУЧОК да го подржиме и положиме овој испит, за неговиот огромен труд, да не се претвори во Донкихотска борба.“ пишува Нико на својот Фејсбук
„Секаде во светот здравствените работници како најизложени се и најчесто засегнати од секоја епидемија, а во тие моменти се најнеопходни да бидат здрави. Токму затоа, здравствениот персонал по КЛИНИКИТЕ и БОЛНИЦИТЕ мора да се подели во 3 или 4 групи, кои ќе одат наизменично на работа, секој трет или четврти ден. Така ќе се спречи при појава на заболен здравствен работник, да мора да се затвори целата установа, туку ќе се изолира само една група. Секако, по секоја смена темелна дезинфекција и максимално намалување на лежечките болни и интервенции кои не се итни.“
„До овој момент во светот починале 2942 болни (6 деца) од #Covid-19, ама тоа горе-долу сите го знаете. Во истиот период (септември 2019/февруари 2020) од #ГРИП починале преку 16.500 болни, од кои 315 деца, ама тоа никого не загрижува. #КолкуДаСеЗнае#“
„Факт бр. 1 Само стотина луѓе надвор од жариштето во Вухан починале од COVID-19 !!!!! Факт бр. 2 НИТУ ЕДЕН ВИРУС НЕ СЕ ЛЕЧИ СО МАКАРОНИ И БРАШНО !!!!! Факт бр. 3 Хигиената е половина здравје цел живот, а во овие денови 99% !!!!! Факт бр. 4 Ветерот во Скопје за два часа нанесе повеќе штета и загрози повеќе животи од сите вируси заедно !!!!“
„Совет бр. 1 Нема причина за паника. Совет бр. 2.Овошје и зеленчук, а не брашно и шеќер. Совет бр. 3 Бањајте се барем еднаш дневно, а лицето и рацете многу почесто. Пудрата и помадата не Ве заштитуваат од продорот на вируси. Совет бр.4 Болниците се места во кои треба да одат само навистина ТЕШКО болни, за сите други здравствени потреби консултирајте се со Вашите матични лекари.“