Науката досега потврди ПЕТ ФАКТИ за коронавирусот: Еве зошто некои луѓе ги напаѓа, а некои ги одминува
До пред некое време научниците речиси ништо не знаеја за ковид-19 и сите информации кои ги изнесуваа во јавноста беа само наѓање.
Овој вирус и натаму е мистерија, но многу факти се познати, а имаме сега и одговор на клучното прашање: Зошто коронавирусот ги напаѓа некои луѓе, а некои не?
Колку години имате?
Осум од 10 сmртни случаи предизвикани од ковид -19 биле луѓе постари од 65 години. Постарите луѓе имаат и продолжени хронични болести, а имунитетниот систем им е послаб од на младите.
Колкав ви е шеќерот во крвта?
Луѓето кои имаат висок шеќер во крвта далеку се поподложни на сите инфекции, па и на ковид-19. Посебносе во опасност болните од Тип 2 чии клетки не одговараат на хормонот инсулин. Дури 13 студии докажаа дека луѓето со дијабетес имаат 3,7 пати повеќе шанси да го добијат овој вирус.
Дали пушите?
Луѓето кои често страдаат од респираторни и инфекции и воспаленија на белите дробови, а кинеската студија со 1.000 пациенти покажа дека 12,3 отсто од пушачите приклучени на респиратор уmреле во споредба со 4,7 отсто непушачи.
Колку килограми имате?
Луѓето се прекумерна тежина имаат 86% повеќе шанси да развијат воспаление на белите дробови од останатите. Во Франција секое второ лице кое заболело од ковид-19 на интензивна нега ималo прекумерна тежина.
Која крвна група сте?
Лоша вест за повеќето луѓе – многу студии покажаа дека луѓето со крвна група А (позитив и негатив, но и АБ позитив и негатив) имаат најмногу шанси да добијат ковид-19, додека луѓето чија крвна група е 0 (нулта) имаат најмалку.