Натпис на една куќа што стана вирален хит на Балканот – пронајден доказ за глобалното затоплување?!
Натпис на една куќа во Хрватска
Еден натпис поставен на ѕид во Корчула, Хрватска, стана вирален хит на Балканот откако се појави на Фејсбук.
Фотографијата беше објавена на популарната Фејсбук страница во Хрватска, „Дневна доза просечен Далматинец“, а на неа се гледа како некој решил да се пошегува на темата глобално затоплување.
Имено, некој како „доказ“ за глобалното затоплување закачил долна облека и како таа се менувала од 1900 година, па се до сега.
Фото: Фејсбук/ Дневна доза просечен Далматинец
Прикажано е како долната облека, односно гаќите, се намалувале со текот на годините, се до 2030 година, кога, како што предвидува оној што го поставил натписот, нема воопшто ни да постои.
Фото: Фејсбук/ Дневна доза просечен Далматинец
Фотографијата од ова генијално дело изложено на една камена куќа има илјадници лајкови за помалку од 24 часови.
Инаку, градот Корчула се наоѓа на истоимениот остров и важи за еден од поистакнатите хрватски историски градови.
Фото: TwoBohemians
Стариот град е опкружен со ѕидини, а улиците се распоредени во форма на рибина коска и овозможуваат слободно струење на воздухот, но и штитат од силни ветрови.
Од позначајните историски знаменитости што го красат градот кој е познат и како „Мал Дубровник“ ќе ги наведеме готско-римската катедрала Свети Марко, старата градска општина, како и масивните ѕидини и кули со кои што е опколен, па го нарекуваат град-тврдина.