Ната позираше заедно со нејзините сестри
Познатата музичка ѕвезда Наташа Беквалац со своите обожаватели на социјалните мрежи сподели фотографија од сестрите Кристина и Драгана. Таа со овој потег ги воодушеви сите, особено поради коментарот што го остави под нивната заедничка фотографија.
„Нашата најстара сестра отвора Академија. БД Академија. Академија за убавина. Бидејќи силата е во жените.. сестрите, мајките, ќерките“ – напиша меѓу другото Наташа, а потоа ги изненади сите и со следниот потег.
https://www.instagram.com/p/BvZkVTZHlz6/
Имено, таа беше воодушевена од еден од коментарите што го доби од обожавателка под фотографијата, па реши истиот да го сподели во „стори-то“ на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BvZcmNRHS0h/
„Кои сестра си Беквалац? Јас секако сум турбо претприемачката Драгана, но исто така сум и кревката уметничка Кристина. Во љубовта сум Наташа, секако“ – гласи пораката што и се допадна на Наташа.
Тоа дека фотографијата им се допадна многу на корисниците на социјалните мрежи и дека некои од нив дури и ја присвоија, кажува и следниот коментар кој нејзините обожаватели на социјалните мрежи ги насмеа до солзи.
„Дајте им на сестрите Баквалац да владеат со светот – мир, љубов и по некоја пцовка“, пишува еден корисник.