Warning: Attempt to read property "slug" on null in /www/wwwroot/glamur.mk/wp-includes/taxonomy.php on line 4632
Дом и семејствоНега и здравје

Настинките во есенскиот период кај децата се вообичаени во овој период од годината- вели др.спец. Ангелчо Андоновски

Како да ги разликуваме симптомите на настинка од симптомите на грип или вирусна инфекција

Реклама
Реклама

Настинките и вирусните инфекции се во пораст во овој период од годината по готово со почетокот на учебната година. Како да дознаете што е вирусна инфекција а што е настинка ќе дознаете од разговорот и насоките што ги побаравме од м-р. д-р. спец Ангелчо Андоновски педијатар. Прочитајте во продолжение за сите дилеми околу оваа тема.

Обичната настинка, позната и како назофарингитис или ринофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно во носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка. Риновирусите се најчест причинител.

Вообичаено е во овој период на годината да и со почетокот на школската година да се интезивираат присуството на сите познати причинители и од вирусна и од бактериска етиологија да се присутни помеѓу детската популација и да се причина за појава на оваа здравствена проблематиката .

Маркетинг

Симптомите се должат на одговорот на имунолошкиот систем на инфекцијата, а не на оштетувањето на ткивото од самите вируси. Миењето раце е главен метод за спречување на инфекции. За настинката нема лек, но може да се лекуваат симптомите. Таа е најчестата заразна болест кај луѓето. Просечно дете од настинка заболува помеѓу шест и дванаесет пати во годината. Најчестите симптоми на настинка се кашлица, течење на носот, затнување на носот и болки во грлото. Дополнителни симптоми може да се и болка во мускулите (миалгија), чувство на умор, главоболка и треската која често се јавува кај бебињата и кај помалите деца , исто така губење на апетитот.. Кашлицата предизвикана од настинка обично е поблага за разлика од кашлицата што ја предизвикува грипот (инфлуенца).

Вирусот на настинката обично се пренесува со вдишување или голтање на капки во воздухот капков векторски начин и таму се содржи вирусот. Или со контакт на заразена носна слуз или со контаминирани предмети. Вирусите можат да преживеат подолг временски период во околината. Пренесувањето е често во градинките и во училиштата поради блискиот меѓусебен контакт на многу деца . Овие инфекции често се пренесуваат и дома, на другите членови на семејството. Настинката предизвикана од риновирусот најчесто е заразна во првите три дена од појавувањето на симптомите. Инфлуенцата е веќе со по интензивна симптоматологија иако не се разликуваат лесно.

Маркетинг

М-р Д-р. спец. Ангелчо Андоновски во емисијата Ваш Термин

Специфичен третман на настинката не постои , првично треба да се третира со антивиротик но треба да се знае дека нај важно е да се практицира употреба на препарати кои ќе го стимулираат имунолошкиот систем .

Потребна е употреба на соодветна исхрана која ќе го бустира имунолошкиот систем и ќе го подигне за да може соодветно да се бори со вирусот.

Имуно стимулатори и имунодулатори се важни и корисни да се употребуваат при ваква состојба кај децата.

Да не ја изоставиме потребната улога на минералите и витамините кои секако како и преку исхраната т.е употребата на зеленчук и овошје може да биде внесена и преку употреба на мултивитаминиски сирупи и таблети.

При појава на фебрилност , појава на температура потребно е да се соодветно рехидрира детето поготово бебињата и малите деца и да се следи состојбата доколку е потребно да бидат дадени електролити а ако дојде до поголем проблем и да биде и однесено во хоспитални услови за рехидрација.

Давањето на антипиретици , препарати кои ја намалуваат високата температура е задолжително при поголема телесна температура , исто така фрикцијата ладењето и туширањето се составен третман на високата температура кај децата.

Задолжително е и реализирање на крвна слика со следење на ЦРП Ц реактивен протеин кој ни кажува до кој степен е инфламацијата и дали има постоење на бактериска или вирусна етиологија а тоа го следиме и при увид во гранулоцитната и лимфоцитната линија .

Настинките се реалност која постојано е присутна , треба да се прави разлика помеѓу настинките и грипот .

Задолжителна е посета на својот матичен педијатар за понатамошно третирање и следење на здравјето на децата.

Да го поминеме заедно овој период кој следува, советите се добредојдени и потреби по готово кога во прашање е здравјето на децата. СЕ ЗА ДЕЦАТА

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button