НАСМЕВКАТА на нивните лица кажува сѐ – Миле Кузмановски со своите 4 убавици, човек да им ПОЗАВИДИ
На нивната среќа и слога можат сите само да позавидат.
Сопругата на популарниот пејач покажа како уживаат за време на најубавите празници во годината.
Миле Кузмановски и еден од најдобрите пејачи на нашата естрада.
Без неговите „Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ не може да помине ниту една македонска прослава.
Трагедијата која го обележа неговиот живот е згаснувањето на животот на неговата сопруга во 2012 година. Тогаш популарниот пејач остана сам со двете ќерки, близначките Јана и Ана.
Денес и двете се возрасни девојки, гордост на нивниот татко, а како што вели тој, не ја слушаат неговата музика.
Ана и Јана не сакаат јавно да се експонираат и никогаш не пробувале да дојдат до внимание од јавноста, користејќи ја популарноста на нивниит татко.
Пет години по тpaгe-диjaта, повтоено си дозволи да се вљуби, а својата среќа ја пронајде крај Јасмина.
Како плод на љубовта меѓу пејачот и Јасмина, која инаку работи во Црвен Крст се роди Ева.
Инаку Јасмина била студент со многу висок просек. Има работено во УНДП, во Министерство за земјоделие, го има основано СОС детското село, каде била директорка долги години. Потоа имала и организација која ги штитела правата на децата за време на бегалската криза.
Јасмина вели дека одлично се согласува со Ана и Јана, на кои никогаш не се обидела да им ја замени мајка им.
Особено е среќна што двете близначки се горди сестри кои се грижат за малата Ева.
Нивната семејна хармонија одлучија да ја покажат и преку фотографија, која Јасмина ја сподели на Фејсбук.
Убавите божиќни празници семејството ги помина во природа.
Насмевката на нивните лица кажува сѐ.
„Коледе ….да сме живи, здрави, секој нека слави”, стои во опис на фотографијата која собра многу лајкови.
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Миле Кузмановски
ФОТО: Фејсбук / Јасмина Кузмановска
ФОТО: Фејсбук / Миле Кузмановски
ФОТО: Фејсбук / Миле Кузмановски