Наследничката на Дарко Панчев покажа дел од НИВНИОТ ЛУКСУЗЕН ДОМ – за овој детаљ никој не знаеше
Голем двор, базен и куќа од соништата

Ќерката на Дарко Панчев и Маја Гроздановска-Панчева, Надица Панчева, е поприлично активна на социјалните мрежи.
Наследничката на познатиот пар овој пат објави снимка од нивната луксузна куќа и покажа како изгледа нивниот голем базен во дворот.
Нивната куќа се наоѓа во една од најелитните населби во Скопје, на Водно, и има голем и убаво среден двор.

Во дворот има и голем базен во кој семејството на Панчев ги минува најубавите моменти во топлите летни денови.

Впрочем тоа може да се види и од новата снимка што ја објави Надица која откри дека базенот е спремен за водените лудории.

Надица како и нејзината сестра Марија, токму на ова место ги прават некои од нивните најубави летни фотографии.

Но она што досега сме немале прилика да го видиме, е детаљот со фудбалската топка на дното од базенот.

Куќата е опкружена со висока ограда, многу зеленило и големи железни порти, а најубавиот дел е секако дворот со базенот.

Во прашање е преубаво семејно гнездо кое Маја и Дарко очигледно го средиле со многу љубов и по нивен вкус.

Оние што ги познаваат велат дека нивните две прекрасни ќерки ги воспитале убаво, така што важат за скромни и културни девојки.

А колку мама и татко се горди на своите ќерки, може да се забележи и од нивните заеднички фотки на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева
Фото: Инстаграм/ Маја Гроздановска Панчева