Наследникот на нашата позната водителка тргна на школо – погледнете ја мама, БЛЕСКА ОД РАДОСТ (фото)
Македонската новинарка сподели емотивен момент од нејзиното семејство.
Лупевска и нејзиниот сопруг го испратија својот син на училиште.
Една од најистакнатите македонски новинарки Снежана Лупевска е една од ретките кои јавно отвораат и зборуваат на теми за кои многумина се плашат да зборуваат.
ФОТО: Фејсбук / Снежана Лупевска
Нејзината професија умее да биде доста исцрпувачка преку цела недела, а своите батерии новинарката обично за викендот ги полни така што времето го поминува со своето семејство.
Заедно со нејзиниот сопруг Ерџан Созен се повеќе од деценија во брак, а се запознале на семинар во Белград, каде таа присуствувала како новинар, а тој како член на Турската стопанска комора.
ФОТО: Фејсбук / Снежана Лупевска
Плод на нивната љубов е синот Микаил кој се роди во 2016 година.
Водителката е активна и на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели фотографии од семејните моменти.
ФОТО: Фејсбук / Снежана Лупевска
Микаил посетува приватно училиште, а годинава е второ одделение.
Лупевска и Ерџан го испратија синот на училиште, а фотографија од овој чин водителката сподели на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Снежана Лупевска
Честитки и коментари со убави желби веднаш почнаа да се нижат под фотографијата: