Вести

НАСКОРО СНЕГ! УХМР најавува кога и каде ќе падне во Македонија

Advertisement

Утре ќе има локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи да дува и во среда.

Од среда следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, велат од УХМР.

Advertisement

Прогноза за 14.02.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2024
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 16.02.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Оваа седмица во Македонија ни носи повеќе облачност, но и нешто пониски температури на воздухот за разлика од минатата. Сепак сеуште сме далеку од онаа вистинска зима и температури како што доликуваат за овој период од годината.

Повремено ќе има и локални слаби врнежи од дожд, а на планините над 1400-1500 метри надморска височина ќе провејува снег. Повремено снежната граница би можела да се спушти и на планините и под 1400 метри надморска височина. Најмногу сонце оваа седмица ќе имаме во четврток и во петок.

Од утре ќе започне да дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието (повремено со брзина до околу 60 км/час).

Во Скопје исто така ќе има услови за локален краткотраен и слаб дожд, а од утре ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, утринските особено од среда на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени, а максималните дневни ќе се искачуваа тво интервалот од 6 до 14 степени, најавува „Метеоаларм“ на прогнозерот Славчо Поповски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button