„Народе наш, благодарение на сите вас денес Сара си ја носиме дома. Среќна сум што имаме каде и има кој…“ напиша мајката на девојчето за кое се обедини Македонија

Срна си замина од болница, откако со помош на граѓаните, се собраа средствата за лекување.
Мајката Васка Цветаноска-Панова јавно му се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.
„Др Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина.
Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…“ напиша мајката на фејсбук.




