Наполни 60 години, а во овој костим за капење се уште ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО – за ваков минијатурен модел треба храброст!
Костимот за капење и стои како да е направен само за неа
Познатата актерка Лидија Вукичевиќ која изгледа како времето за неа да не постои, во костими за капење секога предизвикува хаос на социјалните мрежи.
Вукичевиќ која неодамна влезе во седмата деценија од животот, но за која годините очигледно се само бројка, гордо го покажува своето тело на кое многу дами можат само да и завидуваат. Така беше и овој пат кога познатата актерка без проблем се соблече и позираше во базен, облечена во црн дводелен костим за капење со прорези од страните на долниот дел, додека горниот ги истакна нејзините занесни облини така што сите коментираа дека моделот што го носи како да е направен специјално за неа.
Што се однесува до нејзиниот изглед на кој очигледно никој не може да остане рамнодушен, таа во една пригода ќе изјави:
„Единствено што правев на лицето е третман во вид на боцкање со кој се подобрува работата на колагенот. Тоа кожата ја прави помека. Покрај тоа ништо повеќе немам правено, никакви операции, а суштината на мојот младолик изглед е во тоа што јас се негувам од мојата 18 година“.
„Мојата мајка беше строга и се грижеше за мојот изглед и за моите сестри, уште како млади девојки почнавме да користиме крема за лице. Покрај тоа и генетика, за мојата кожа можам да и се заблагодарам на мојата мајка.“
„Водам здрав живот, не пијам, не пушам, здраво се хранам, и сето тоа резултира со ваков мој изглед“, изјави познатата актерка во една пригода.
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ
Фото: Инстаграм/ Лидија Вукичевиќ