Алекс Стеј од Њујорк на социјалните мрежи го прослави роденденот на неговиот 90-годишен дедо, Боби, кој мислеше дека пие јогурт, а се напи полна чаша боја.
Внукот го затекна својот дедо со боја на устата и отисок на чашата во која стоела бојата па не можеше да одолее на овој призор па реши да го сподели на друштвените мрежи.
„Тој обожава јогурт, и живее за него. Мама купува големи количини секоја недела “, изјави тој за The Daily Mail. Додавајќи дека на неговиот дедо не му пречи тоа што тој објавува негови фотографии и видеа на социјалните мрежи.
„Тој секогаш сакал да ги забавува луѓето. Тој не се грижи дали луѓето му се смеат нему или на неговата шега “, вели Алекс.
https://www.instagram.com/p/BuPXKUGnxwK/
Симпатичниот дедо со своите досетки на Истаграм, доби 35.000 следбеници . „Изгледа утрово јадев боја. Искрено, тоа е пофино од јогурт. Ми се насмеаа на лекар, но ми рекоа дека се ќе биде во ред”, напиша тој.