Наместо да го фати микрофонот како мајката, тргна по стапките на таткото: Ќерката на Мира Шкориќ студира медицина и е вистинска убавица
Познатата српска фолк пејачка Мира Шкориќ (44) е горда мајка на својата единствена ќерка Милица Јеремиќ, која ја доби во бракот со хирургот Васа Јеремиќ.
Милица (22) е студент на петта година на Медицинскиот факултет, а средно училиште завршила како ученик на генерацијата. За разлика од познатата мајка, таа не сака да се појавува во медиумите.
– Милица не ги сака медиумите и јавниот живот, но ме поддржува во се. Кога беше малечка, можев да ја убедам за некое сликање или одење во ТВ емисија, но сега не можам да влијаам на нејзините одлуки, си ги донесува самата. Со помош на семејството успеав да ја ускладам работата со мајчинството, рече Шкориќ во една прилика.
Наследничката на Мира очигледно ги повлекла гените на својот татко, поранешниот сопруг на Мира, хирургот Васа Јеремиќ, па Милица после завршувањето на факултетот планира да специјализира хирургија.