Намерно се облече како идиот и замина на модна недела – погледнете што му случи (видео)
Познатите јутјубери Зак и Џеј одлучија да проверат како навистина функционира светот на високата мода.
Тие одлучија да го претворат Макс во „фејк“ модел и во најбизарни модни комбинации го испратија на Модната недела во Лондон за да видат како ќе реагира екипата.
Она што се случи потоа најверојатно зборува многу за светот во кој живееме – Макс, облечен во најидиотските комбинации кои оваа јутјуб двојка можеше да ги смисли, стана вистински хит на модната недела.
Фотографите не престанаа да го фотографираат и постојано му се обраќа со речениците: „Генијална облека!” или „Кого носиш денес?”
Многумина се распрашуваа за тоа кој е тој, а фотографиите на Макс во бизарните комбинации наскоро почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи и на профилите на модните фотографи.
Па ако некогаш решите да бидете во центарот на вниманието и да ги освоите луѓето од модниот свет, сега барем знаете како да го направите тоа, нели?