На шармантниот пејач од Македонија не му беше лесно со оваа убава БЕЛОРУСИНКА – му го украде шоуто во Ѕвездите на Гранд
И двајцата имаа одличен настап, но…
Пејачот од Македонија блескаше на сцената и посебно ја воодушеви публиката со една од најпознатите македонски народни песни, „Ако одам во Битола“
Ксенија Тану (30) од Белорусија никого не остави рамнодушен со својот генијален настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа настапи со македонскиот пејач кој живее и работи во Париз, Даниел Тренчовски, (28) кој исто така беше генијален, но помина со помалку бодови.
Имено, крајниот резултат беше во корист на Ксенија која освои шест гласови за разлика од петте гласови на Даниел.
Песните што ги избра убавата Белорусинка делумно ги испеа и на руски јазик што посебно го изнервира Босанац, додека Македонецот посебно ја воодушеви публиката со македонската песна „Ако одам во Битола“.
„Босанац ми кажа дека Ксенија би требало да биде дисквалификувана, бидејќи пее на руски јазик, но секој кандидат што учествува во ова шоу може да пее на својот мајчин јазик“, изјави Саша Поповиќ , додека Марија Шерифовиќ застана во одбрана и објасни дека песната Гинам всушност е руска и дека затоа нејзината кандидатка еден дел од песната го отпеала во оригинал.
„Тоа значи дека мојот кандидат можеше да пее и на француски“, констатираше Босанац, по што доби потврден одговор од Поповиќ. Но тоа дополнително ја изнервира Вики Миљковиќ бидејќи бараше нејзиниот кандидат од Бугарија да пее на својот јазик, но Саша не и дозволи.
„Му дозволив, не лажи, зборуваш глупости“, и одговори Саша Поповиќ на Вики и повтори дека секој од кандидатите може да пее на својот мајчин јазик што повторно го изнервира неговиот колега Стојковиќ.
Белорусинката доби комплименти и од останатите претставници на жирито, посебно од Цеца и Вики, па со своите освоени шест гласови директно се пласираше во следниот круг, додека Даниел тоа го направи од бараж, каде беше напнато до самиот крај на емисијата.
Инаку Даниел живее и работи во Франција и постојано настапува по клубовите низ Европа каде се собираат луѓе од Балканот.
Првите музички чекори ги има направено кога имал само пет години, кога неговиот татко, кој е гитарист по занимање, ќе му подари клавијатура.
Публиката и жирито ги освои уште со својот прв настап, а како звучеше сега, погледнете на крајот од галеријата.