На три години сум спечалила 100 денари во автобус 57-ца, рецитирајќи песничка- актерката Надица Петрова за „Гламур“
Доколку не бев актерка ќе бев.... aртистка, вели низ смеа симпчатичната Наде
Харизматичната актерка Надица Петрова од Неготино направи вистински бум од смеа кога се работи посебно кај женската публика. Таа стана миленичка на голем број жени ширум Македонија и нејзините стендап шоуа се секогаш распродадени до последното столче.
Зошто е тоа така? Затоа што е најдобра!
Симпатичната актерка последните неколку години се псовети на стендап настапите, впрочем и во последно време се повеќе се потврдува фактот дека македонската публика е жедна за ваков тип на хумор, Петрова е една од првите жени кои застана на оваа сцена храбро пред публиката.
Дипломирала театарски уметности поточно актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје. По своето образование почнува да посетува многубројни работилници за проширување на своето знаење кај нас и вон границите на нашата земја. Покрај театарските ангажмани, Надица македонската јавност пред неколку години ја виде и во улога на водителка на ТВ-емисијата „Неделно попладне“ на МРТВ, работела и сè уште работи на синхронизација на анимирани филмови и ТВ-серии, најразлични реклами и слично.
Во 2020 година го основаше и е претседателка на независниот театар „Златен Елец“ во Скопје, во чиј склоп почна да прави и стендап шоу.
Вие нѐ смеете нас, но кој најмногу ве смее вас?
– Многу различни комичари, во последно време на пример многу ме смее Финецот Исмо Леикола. Покрај комичарите ме смеат и луѓето што ги среќавам со несвесната луцидност во својот карактер, како и јас самата со некои чудни реакции, коментари и избори.
Дали вашиот талент за глума и хумор е генетика?
– Има големи можности да е генетика, бидејќи сум настапувала пред публика, уште пред да проодам и тоа алтернативен театар. На мои 3 години сум спечалила 100 денари во автобус 57ца, рецитирајќи песничка.
Како ве однесе патот во актерските води?
-Уште многу мала сум правела претстави без да знам дека е тоа театар, но после првото стапнување на сцена, знаев дека тоа е тоа. Неизмерна среќа.
Мојот омилен филм е…
– „Beautiful green“, француски е.
Мојата омилена тетарска претстава е…
„Електра“, режија на Андри Жолдак, се играше во МНТ, ја гледав 7 пати.
Многу сакам да глумам во…
Театар, било кој театар каде има професионален и посветен тим составен од свесни и слободни луѓе.
Најдобар комичар на сите времиња е…
Карлин.
Мојата омилена дестинација …
Италија, многу места.
Во Неготино мора да се види. ..
Народот.
Моето омилено место за излегување е…
Излегувањето на сцена ;) Различно е во зависност од мојата емотивна состојба. Клупа на уличка у маало, пикник во парк или прошетка во природа, планина, локален кафе бар каде сум како дома, кафеана со убаво друштво итн.
Мојот омилен пијалок е…
Вода.
Многу сакам да јадам…
Сѐ што е храна, пред да добијам циклус. А секогаш леќа зготвена од мајка ми.
Дали знаете да готвите?
-Знам. Тоа е ретко но искрено. Тогаш е со многу љубов, посебно кога имам покането гости и ги почестувам со некоја од моите салати, паста, вегетаријански лазањи или бургери со неготинска ракија со салатата, и некое убаво вино.
Мојот стил на облекување е….
Секогаш различен, во зависност од тоа како се чувстувам. Битно да ми биде комотно. На пример ретко се чувствувам удобно на високи потпетици, но и тоа знае да се случи за потребите за некој лик кој го играм во театар, за некоја свеченост( свадба и слично), или некоја фотосесија од која фотографиите ќе послужат за хранење на егото на социјалните мрежи.
Модна икона на сите времиња е…
Брижит Бардо и Сузана Спасовска кај нас.
Песна без која не ми оди денот…
„Ај со среќа денот“
Музика што ја слушам од тинејџерските денови …
Стинг можда се’ уште, не сум сигурна, ама тоа ми текнува.
Музиката што ме опушта -прериодов е…
Музика од 432 херци ;)
Омилен пејач/пејачка
-Нина Симон и Благица Павловска :))
Песната што ја нарачувам во кафеана е….
-„Едно име имаме“.
Мотор, автомобил, велосипед, тротинет или нешто друго?
– Точак ради Чак Норис.
Кој се смее повеќе во публика, мажите или жените?
– Опуштените.
Пред кого сакате да настапите?
– Пред мама и тато, и да кажат браво ќерко, се гордееме со тебе и ова е подобро од тоа да си инженер или доктор :))
Доколку не бев актерка ќе бев….
-Артистка ;)