На Славица Ангелова и беше пишано да победи, овој популарен пејач пред 6 години го предвиде тоа?!
Прочитајте што кажа познатиот пејач за овогодинешната победничка во „Ѕвездите на Гранд“
Младата пејачка од Македонија, Славица Ангелова, се прослави во целиот регион со победата во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Славица својата кариера ја започна на 15 годишна возраст, кога пред 6 години се појави во шоуто „Некои нови клинци“.
Шармантната струмичанка и тогаш со својот глас ги импресионираше сите и тоа со своето прво појавување на сцената.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Славица тогаш ја изведе песната „Златни дан“ која во оригинал ја изведува Бисера Велетанлиќ и која важи за една од најтешките песни за изведба, но пејачката од Македонија ја изведе на маестрален начин.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Како што пишува „Гранд.онлајн“, Славица, која тогаш имала само 15 години, со својот глас го импресионирала жирито, но и публиката.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд.онлајн
Во склоп на жирито тогаш се најдоа поранешни учесници во „Ѕвездите на Гранд“ кои ја наградија со максимален број на гласови.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа му остави силен впечаток и на Бане, првиот победник во популарното шоу кој уште тогаш го препозна нејзиниот квалитет.
„Растури. Пријатно ме изненади и воодушеви. Дефинитивно си најквалитетната кандидатка и најдобрата пејачка од сите претставници од Македонија во минатата сезона и во оваа дефинитивно, и верувам дека ќе оствариш еден многу сериозен резултат“, изјави тогаш Бане Мојиќевиќ, а со неговиот коментар се согласија и останатите, посебно пејачот Бојан Маровиќ.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
„Толку моќен глас, толку точна во интонациите, толку динамика. Како за твои години ова е сјајно. Според мене, ти си најдобрата кандидатка до сега“, изјави тогаш Маровиќ за победничката во „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, Славица во популарното шоу победи под менторство на Ѓорѓе Давид со кого сега настапува низ клубовите во регионот.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Покрај Славица со Ѓорѓе настапува и минатогодишниот вицешампион Александар Јосифовски, така што пред нив е тешка задача.
„Кога се моите кандидати во прашање, Славица, ти најмногу ќе си го однесеш и кога сум во прашање јас и кога е во прашање продукција, има многу да се работи. Кога е во прашање Џенан, можеби повеќе ќе си го однесеш затоа што сум ти татко (се смее), ама ти како рокенрол ќе мора многу повеќе мака да поднесеш. Буклиќ преживеа голгота и заради малото дете, тој и жена му немаа поддршка, но тој е фантастичен композитор и продуцент“, објасни Ѓорѓе што ќе се случува со неговите кандидати по финалето во шоуто.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Инаку, Славица покрај музичката карира вредно работи и на своите студии во Бугарија каде е запишана на медицинскиот факултет.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа додека се натпреваруваше во шоуто постојано беше на релација Струмица- Софија – Белград, а како што самата изјави во една пригода, книгите ги носи секаде и секое слободно време го користи да учи.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
„Книгите се секогаш со мене во чантата така што тие се моите верни другари, тоа слободно можам да го кажам и ги имам во рацете било каде и било кога. Секогаш пронаоѓам простор и место каде можам да учам“, изјави Славица пред претставниците на седмата сила по победата во најгледаното музичко шоу на Балканот.
Извор. Гранд.онлајн.