На Сител ја гледаме закопчана до грло, а сега се coблече – познатата МАКЕДОНСКА водителка покажа и што мисли за хејтерите
Понекогаш и на познатите не им е лесно…
Јована Стојменовиќ која важи за една од најубавите водителки во Македонија овој пат покажа дека и кога не е дотерана од глава до пети изгледа одлично, а за овој свој потег доби и лавина од позитивни коментари.
Познатата водителка на Сител која на малите екрани секогаш ја гледаме во елегантни изданија кои се дел од нејзината професија, овој пат реши да покаже и како изгледа во едно „малку“ поинакво издание.
Имено, таа деновиве е заедно на одмор во Грција со неколку свои пријателки и колешки, а со нив е и нејзината колешка Лила Филиповска, која исто така ги изненади сите со своите оскудни изданија за кои многумина коментираа дека изгледа како некоја дваесетгодишна девојка.
Но за разлика до Лила, Јована навистина ретко можеме да ја видиме во вакво издание, па многумина беа воодушевени што водителката ја покажа и својата „дива“ страна.
Таа на фотографиите на кои носи костим за капење кој го открива нејзино тело изгледа како на некоја разгледница.
Но под фотографиите на кои е заедно со Лила и на кои изгледаат како од некое списание, имаше и непристојни коментари.
Сепак, на шармантната водителка очигледно не и пречат ваквите вулгарности, па реши дури и да се пошегува објавувајќи ја следната фотографија:
Водителките очигледно се водат според непишаното правило – ако немате хејтери во животот, тоа е исто како да не постоите, кое можеби вака на прва звучи шашаво и не е вообичаено, но очигледно кај нас и те како „функционира“.
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Стојменовиќ