На Рибите во 2019-та се ќе им оди баш како што треба
2019 година е паричка со две страни за Рибите. Годишниот хороскоп покажува голем успех кога се во прашање сите полиња, освен меѓучовечките односи.
Кариера, пари и желбата да учите и да ги развивате своите способности ќе ја обележат првата половина. Во другата половина на 2019 ќе биде потребно да вложите многу повеќе труд и напор за да ги одржите работите под контрола.
Но, тоа не е проблем за вас. На Рибите никогаш не им било страв од напорна работа. Кога се во прашање меѓучовечките односи, Рибите во новата година ќе имаат поголеми предизвици. Ќе ви биде потребно да одвоите повеќе време за да ги разберете и решите проблемите кои ви претстојат. Добра вест е што умеете да сфатите дека токму тие потешкоти и предизвици вас ве прават посилни. Чувствителни, а борбени, личностите родени во знакот на Риба ги чека мир во 2019 година.
Вашата напорна работа конечно ќе вроди резултати, ветуваат ѕвездите за новата година што следи. Во почетокот на годината, веројатно е да добиете финансиски профит. И да не сте започнале некој нов проект не е важно, бидејќи среќата постојано ќе ве следи кога се во прашање финансиите. Се ќе си дојде на свое место кога најмалку очекувате. Ќе се изненадите какви се можности ве опкружуваат. Сепак, најдобар дел од годината за бизнис зделки е првиот квартал, бидејќи подоцна вашиот успех ќе биде пропратен со проблеми. Бидете спремни вредно да работите, затоа што првиот период на лесен успех брзо ќе помине.
Што се однесува до семејството и пријателите, се е во ред. Ќе добиете удобност и блискост, но мора да вложите повеќе труд во односот со луѓето и околината. Во јули, вашата врска ќе наиде на потешкотии, а тоа ќе биде добар момент да го преиспитате вашиот односот. Дали сте среќни во таа врска? Ако одговорот е не, тогаш морате да согледате колку давате и колку добивате за возврат.
Проблемите лежат кај еден од вас. Одвоeте време да дознаете од каде потекнуваат проблемите и пробајте да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирања и во септември и октомври, важно е постојано да вложувате љубов, нежност и доверба во вашата врска. Доколку работите тргнат на лошо, сепак ќе сфатите дали воопшто можете да се потпрете на партнерот.
Лесно е да се чувствувате добро кога во животот ви оди се како што треба. После напорната работа која сте ја изработиле, заслужувате признание. Но, не дозволувајте да се препуштите премногу на задоволствата. Морате секогаш да водите сметка за начинот на живот, за да не го загрозите вашето здравје. И покрај успесите кои ќе ги триумфирате во почетокот на 2019, сепак бидете умерени во се. Тоа ќе ви биде од клучна важност доколку сакате да бидете здрави во текот на новата година.