На оваа убавица од турските серии никој не може да и одолее, па ни НАЈПОЗНАТИОТ холивудски заводник Бред Пит (ФОТО)
Познатиот и маркантен актер Бред Пит беше и се уште важи за една од најголемите заводници во Холивуд.
Тој во приватниот живот, но и на филмското платно секогаш е во друштво со најубавите жени на светот.
Но кога еден странски медиуми изброја дека Бред Пит досега бил со 19 жени во врска, тој се огласи и изјави:
„Навистина не знам со колку жени ме поврзувале во последните две три години, но она што можам да ви кажам е дека ниту една од тие приказни не е вистинита“, изјави тогаш шармантниот 57 годишен актер.
Покрај Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, тој беше и со Шaрлиз Терон, Гвинет Палтроу но и со многу други познати убавици. А посебно интересно е и тоа што на овој попис изгледа можеме да додадеме и една турска актерка од која според медиумите, Бред е маѓепсан.Во прашање е турската убавица со заводлив пoглед, Ханде Ерчел, која нашата публика ја следеше во серијата „Црн бисер“.
Покрај својот актерски талент шармантната актерка турските медиуми ги полни и со својот приватен живот.
Па така пред три години медиумите за неа пишуваа дека и го преземала сопругот, пејачот Мурат Далкулич на својата 33 годишна колешка Мерве Болугур, актерката што ја глумеше султанката Нурбану во „Сулејман величествениот“. Турските медиуми тогаш пишуваа дека Ханде наводно ја искористила брачната криза во која тогаш се нашол познатиот пар, а постојат нагодувања и дека 37 годишниот Мурат се развел од сопругата токму заради Ханде.
Парот минатото лето и есен објави заеднички фотографии на социјалните мрежи, а потоа Ханде наводно одлучи да го остави. Инаку, таа со своите 15 милиони следбеници важи за најпопуларната жена во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблем, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно нема такви проблеми.
Имено, ова не беше единствениот скан дал што се поврзуваше со нејзиното име во Турција. За познатата фатална убавица тогаш се пишуваше и дека е поврзана со уште едно раскинување на познат пар.
Наводно на снимањето на „Sen Çal Kapimi“ оваа актерка го завела Карем Бурсин (33) кој до тогаш беше во среќна врска.
„Никој не може да и одолее, нејзината енергија и убавина не можат ни да се опишат“, изјави член од екипата на снимањето на серијата и додаде дека се сомнева дека заради неа Карем ја оставил девојката. „Сигурен сум дека тие двајцата имаат афера, тешко некој може да и одолее на Ханде, а таа навистина се потруди да го заведе. Снимаа многу романтични и интимни сцени и се познаваше дека Керем не може да и одолее“ откри тогаш изворот за турските медиуми.
И само неколку месеци по оваа афepa, Ханде повторно е во центарот на вниманието, но овој пат наводно на неа не можел да и одолее ни познатиот холивудски заводник.
Како што пишуваат медиумите, Бред Пит прв пат оваа млада дама ја видел во една од нејзините улоги и од тогаш често го посетува нејзиниот Инстаграм профил. Маѓепсан е од нејзината убавина, но и од актерскиот талент. Доста му е од жените од Холивуд. Се обидува да дојде до Ханде, но не сака преку својот профил на Инстаграм бидејќи на тој начин не се чувствува најсигурен, објавија турските медиуми.
Овие информации наводно дошле и до фaтaлнaта турска убавица на која секако и годи тоа што некој како Бред Пит е маѓепсан во нејзината убавина.
Како 16 годишна девојка била вљубена во него и не може да поверува дека популарниот актер ја забележал.
„Повеќе од сигурен сум дека ќе одат на заедничка вечера“, изјави извор за турските медиуми, пишува хрватскиот портал „Стори“.
„Се обидувам да бидам привлечна и наивна во исто време бидејќи мислам дека тоа е рецептот за совршена жена. Секако, тоа мора да се дозира на совршен начин и да се употреби во вистинскиот момент. Привлечна сум кога сакам да заведам некој маж што ми се допаѓа. Тоа секако дека не значи дека морате да се разголите. Постојат многу начини да бидете сексапилни. Па и интелигенцијата е секси, нели“, заклучи своевремено оваа убава актерка.
Како што може да се дознае, таа е висока 175 сантиметри и моментално е слободна, откако беше во врска и со своите колеги Бурак Сердар Санал и Екин Мерт Дајмаз.
Сака да чита и патува, најдобра пријателка е нејзината сестра Гамзе, а амбасадорка е на брендот „L’Oreal Paris“ за Турција. Покрај Бред Пит има голема желба да работи и со ѕвезди како Рајан Гослинг и Леонардо Дикаприо.
Ханде е родена на 24 ноември 1993 година во Турција.
Завршила ликовна академија, а со актерство започнала да се занимава во 2013 година.
Со своите 15 милиони следбеници на Инстаграм важи за една од најпопуларните жени во Турција.
Погледнете уште некои фотографии од оваа убавица…
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел