На оваа позната баба и нема равен на Балканот – фолкерката грми, а за 10 дена полни 74 години
Неверојатна жена
Повторно ги изненади сите
Познатата пејачка Неда Украден и покрај тоа што ја гази осмата деценија нема проблем да објави фотографии во костим за капење.
И секогаш кога ќе го направи тоа Неда привлекува внимание, а многумина се воодушевени од нејзиниот физички изглед.
Имено, таа едноставно изгледа феноменално за жена на нејзини години, но очигледно е и во топ форма.
Инстаграм/ Неда Украден
Пејачката сега објави како ужива на даска за сурфање, а во коментарите и порачаа дека изгледа како девојче.
„Фати ме ако можеш. Внукот Дуле ми ја позајми даската, па ме сликаше, напиша Неда во описот на фотографијата.
Инстаграм/ Неда Украден
Инаку, на пејачката ова не и е прво вакво издание од ова лето, а под секоја од овие објави сите се согласни дека изгледа неверојатно.
Инстаграм/ Неда Украден
Речиси никој не може да поверува дека пејачката ја гази осмата деценија, но Неда како Неда, се уште го живее животот со полни гради.
Инстаграм/ Неда Украден
„Речиси секое утро со години правам вежби за тело и вежби за дишење. Не одам во теретана, поради мојата работа која вклучува постојано патување, би го изгубила членството во секоја. Наместо тоа, каде и да сум, во која хотелска соба и да сум, правам склекови и стомачни петнаесетина минути“ објасни во една пригода Неда како успева да го одржува своето тело во беспрекорна форма..