Реклама
LIFESTYLEВирално

На ова место на Сицилија можете да си купите куќа за само 1 евро

Реклама

Како ви звучи да поседувате куќа на италијанскиот остров Сицилија? И тоа по цена од само едно евро?

Десетици недвижнини во сицилијанскиот град Самбуки се продаваат по цена од едно евро, или помалку од едно кафе како што објавија локалните власти.

Маркетинг

Тие велат дека се директни сопственици на сите овие објекти, а не се само посредници меѓу продавачот и купувачот, така што секое заинтересирано лице може директно да склучи договор за продажба со нив.

Причината за овие ниски цени е желбата за заживување на оваа област која во последно време изгуби многу луѓе, поради нивната емиграција во поголемите градови.

Маркетинг

Самбука е град на ридот, од каде се обезбедува прекрасен поглед на Сицилија. Има само еден обврска во врска со купување на недвижен имот.

Новите сопственици треба да се посветат на реновирање и опремување на целиот објект во рок од три години.

Ова ќе ги чини околу 15 илјади евра и ќе мора да депонираат депозит од 5 илјади евра, што ќе им биде вратено откако нивниот проект ќе биде завршен.

Сепак, се верува дека заинтересираните нема да се покајат, бидејќи доаѓаат во прекрасна природна средина, со многу историја, а во исто време мирна и идилична.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button