На новосадската Барбика и се слоши на сцената, па за да не падне во несвест мораше да направи пауза и да седне. Еве што е причината
Познатата пејачка не очекуваше дека подготовките за концертот на Денот на вљубените ќе бидат толку напорни.
Новосадската Барбика, како што ја нарекуваат многумина, е изморена и исцрпена заради обврските. Таа спие само по неколку часа, што и самата го призна неодамна, а папарацо фотографиите на магазинот „Ало“ ја фатија во исцрпено издание пред белградската „Штарк арена“.
Таа седи пред влезот, телефонира и пие вода, а поради нејзиниот изглед медиумите објавија дека не и е добро!
Овие информации за медиумите ги потврди и извор близок до пејачката кој откри дека за време на последната проба и се слошило и за малку ќе се паднала во несвест на сцената. Заради тоа побарала од нејзините соработници да продолжат со пробата, а таа заминала малку на свеж воздух.
Во првите неколку минути сакала да се смири и повторно да се врати на сцената, но очигледно преголемите обврски го земаа својот данок! Таа мораше да седне на скалите и да се одмори неколку минути, а по еден телефонски повик кој очигледно ја расположи, стана и се врати на пробата. Сите ја советуваа да се врати во хотелот во кој е сместена, вели изворот, и да се одмори за утрешната проба, но таа реши да продолжат и да завршат со она што го имаат испланирано.
„Наташа е личност која никогаш не би признала дека нешто и е напорно или тешко. Таа се форсира преку границите и тоа во последните недели го зема својот данок бидејќи пробите траат подолго и многу понапорно. На никој од екипата не му беше чудно што и се слоши бидејќи сите знаат дека малку јаде и не спие доволно“, вели изворот, а пренесе „Ало“.
Таа при гостувањето во емисијата „Премиера викенд специјал“ откри дека заради обврските е сместена во еден хотел во близина на Арена.
„Разговарав со моето семејство, им кажав дека ја сакам нивната поддршка и дури откако добив амин, одлучив да го организирам концертот. Мајка ми ми помага околу ќерките, секој ден се слушаме преку телефон, а за да бидам што поблиску до Арена сместена сум во еден хотел“, изјави русокосата Ната тогаш.