На Ненад со години му се појавува крвав крст на челото – и тоа за време на најголемите православни христијански празници (фото)
Божиќна мистерија
Триесет и три годишниот Ненад Пауновиќ од Панчево, Србија, тврди дека за време на големите православни празници на челото му се појавува крст кој крвари, а и лекарите и свештениците не знаат што се случува.
Тој и сега има крвав крст, но раната повеќе не му крвари, туку крвта е исушена и му се познава, пишува порталот 013инфо.
Оваа година крстот му се појави на Бадник.
Најпрво му се појавил црвен круг, а потоа на Божиќ му се формирал крст од кој течела крв помешана со лимфа.
Ненад вели дека тоа му се случува веќе 10 години од денот кога бил кум на крштевање на својот пријател.
За време на обредот свештеникот со крстот поминал на неговото чело и тогаш почнало да го пече и да му тече лимфа, а по еден час се појавил и крстот. Отишол во болницата да го прегледаат, па се вратил до свештеникот да го земат маслото за да проверат од што се’ состои, да не е алергичен на нешто. Но во прашање било обично масло за јадење. Направил анализи и дали е алергичен на нешто, но резултатите биле негативни. Подоцна бил и кај невропсихијатар и никој нема објаснување за она што му се случува. Единствено му кажале дека можам сам, со своите мисли, да предизвика таква реакција.
Мајката се плашела за него
Неговото семејство прво се чудело посебно мајката која се плашела за него. Но денес пред секој празник се прашуваат дали ќе му се појави крстот на челото. Му се појавува и за Велигден, и за Богојавление и за Божиќ.
И тоа му се случува цела деценија. Трае седум дена и потоа не останува ни белег.
Ненад барал одговори и во разни манастири и зборувал со игумени, но досега не добил ниту еден конкретен одговор.
Некои велат дека е божји дар, некои дека е дело на нечестивиот, објаснува Ненад. Почнал да пости и да се причестува, бидејќи така го советувал еден отец – наводно ако било дело на нечестивиот така ќе исчезне.
„Но како што гледате не престана“, заклучува Ненад.
Ова што ми се случува ми ја засили верата во Бог, но се уште во црква одам ретко. Повеќе сакам да посетам некој манастир, изјави Ненад Пауновиќ кој ги повика новинарите по празниците да му дојдат на гости за да видат и да се уверат дека нема да има никаков белег на челото.