На Карлеуша нема да и биде добро кога ќе ја види Цеца НА ОВИЕ ФОТОГРАФИИ – „гopeше“ Гранд студио од ова нејзино издание!
Пејачката и овој пат привлече внимание…
Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави пред студиото на „Гранд продукција“ и со своето феноменално пролетно издание и овој пат никого не остави рамнодушен.
Таа без проблем знае да избере креација со која во преден план ќе го истакне своето бујно деколте, или пак краток шорц со што акцентот би бил на нејзините нозе, но овој пат избра малку поинаква комбинација.
Имено, таа се појави во еден од водечките трендови за оваа сезона и повторно доминираше и покрај тоа што беше „закопчана до грло“.
Во прашање е животински дезен, но во комбинација со пролетна боја со која никого не стави рамнодушен.
Таа носеше жолт комбинезон со широки ногавици кои оставаа впечаток како да носи макси фустан, а како Ражнатовиќ изгледаше во ова издание и зошто сите се вртеа по неа, погледнете во продолжение:
Инаку, жолтата боја и оваа пролетна сезона е хит, а тоа може да се види и од социјалните мрежи.
Многу познати ИТ девојки ја избираат бојата на сонцето која беше една од водечките и во 2021 година.
Можете да ја носите во најразлични пригоди, од оние посвечените, па се до опуштените дневни прошетки, а како што советуваат модните гуруа, што и да изберете во оваа боја, фустан, здолниште, или само еден детаљ, со неа оваа пролет дефинитивно нема да згрешите.
Интересно е и тоа што најголемата ривалка на Цеца, Јелена Карлеуша, минатата година се прошета во многу слично издание.
Имено, популарната пејачката промоцијата на нова песна на сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, се појави во жолт фустан со животински дезен.
Во прашање е креација од еден од најпознатите светски брендови, со леопард дезен и зелени детали, а истата креација потоа ја носеше и ќерката на пејачката Јана Тодоровиќ, Кристина Џулиет, која исто така никого не остави рамнодушен со ова впечатливо и диво пролетно издание.
Па на која од овие три дами ви се допаѓа најмногу овој неодолив дезен во жолта варијанта?
Во продолжение погледнете и неколку тренди парчиња во жолта нијанса …
Gucci
Amina Muaddi
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango