На интернет се појави cкaндaлoзнo видео со Брена и Џеј – ова НЕ го очекуваше НИКОЈ од неа, а најмалку нејзиниот колега
Брена во опасно издание
Познатата фолк ѕвезда Лепа Брена и Џеј Рамадановски имаат дует „Не сум јас мал“, а еве како пејачката ги смени стиховите на оваа песна.
На Интернет се појави видео од еден од нивните заеднички настапи во Швајцарија. И двајцата се на сцената и пеат во дует, но кога дојде на ред делот од песната во кој пее Брена, сите беа изненадени, но воедно и воодушевени од тоа како пејачката го смени текстот на песната:
Кога Џеј ја слушна како Брена ги пее стиховите, почна да се смее и не можеше да го отпее својот дел од песната кој следуваше веднаш по Брена.
https://www.instagram.com/p/B_kla2uJrP6/?utm_source=ig_embed
Тогаш со нив настапуваше и придружниот бенд „Ритам на срцето“ чии членови го објавија ова досега невидено видео во кое Брена се шегува со Џеј.
Инаку, Брена деновиве ги израдува своите фанови и со своите концерти преку Инстаграм.
Во интервју за Блиц, таа објасни дека нејзиниот бенд сакал да ги израдува сите што се во карантин, но поради емотивните делови на песната и се насолзиле очите, па таа неколку пати беше принудена да престане со снимањето.
https://www.instagram.com/p/B-mA13ZFQ7P/
„Песната за мене претставува еден вид психотерапија, лек за мојата душа и ова е нешто што мислам дека на сите ни треба во овие моменти. Ни треба здрав разум, добра концентрација, да разговараме со пријателите, стручни совети и една голема поддршка за да издржиме во животната изолација која важи за целиот свет. Короната навистина се развива со голема прогресија, уништувајќи ги животите на луѓето, со што се уништува економијата, луѓето и нивниот опстанок. Затоа, сите треба да бидеме прибрани, да си помагаме едни на други и секој да го даде својот мал придонес како знае и како може. Затоа, и дојдовме до идеја да снимаме песни од нашите концерти, една по една и ќе ги снимавме се додека не заврши изолацијата“ – изјави сопругата на поранешниот тениски ас, 56-годишниот Бобан Живојиновиќ.
Сите треба да бидеме прибрани, да си помагаме едни на други и секој да го даде својот мал придонес како знае и како може, вели Брена.
Таа рече дека публиката многу ја пофали нивната иницијатива, но и дека воопшто не и било лесно да снима некои од песните.
„Морам да ви кажам дека кога снимам, честопати се случува да фатам неколку моменти и зборови во песните, што во оваа ситуација ми се болни и тешко ми звучат.
Таа потоа додаде дека додека ги снимала некои од нејзините песни имало моменти во кои се расплакала и морала да почека малку за да се смири, да ја поправи шминката, да сокрие дека нејзините очи се црвени…
Повеќе за ова прoчитајте тука >>