Мажите кои се заљубени во жена Овен се навистина среќни.. Жената Овен лесно живее и без мажи, но дефинитивно не може да живее долг период без љубов.
Вниманието лесно ѝ го привлекуваат мажи кои се силни, полни со лудости и желни за авантури. Само луѓето кои живеат во нејзина близина знаат колку нежности носи во себе и колку добра и попустлива може да биде.
Жената овен откако ќе експлодира немојте да го спомнувате нивниот претходен гест, бидејќи тие веќе заборавиле на него и истото го очекуваат и од вас.
Со нив ќе си поминете супер само ако седите дома и не правите ништо, но тие се одлично друштво и ако сакате да излезете и да се забавувате во ноќните клубови.
Тие се родени лидери кои обожаваат да делат совети. Доколку имате пријателка во овој знак сигурно досега сте имале убави момнети.