Вирално

На девојче од Босна му се исмеваа затоа што наместо за матурски фустан парите ги даде на деца болни од рак

Advertisement

Една ученичка од Основното училиште Хамдија Крешевљаковиќ во босанскиот град Какњ одлучи наместо матурски фустан парите да ги додели на децата болни од рак, но нејзиниот гест не беше прифатен од сите.

Advertisement

Имено, таа наместо во фустан на матурската вечер дошла во фармерки и маица со натписот „Парите ги давам на деца кои боледуваат од рак, а на матурска можам и без фустан“ Но и покрај нејзината вголема хуманост и чувството за други, за жал, таа остана без партнер за матурската бидејќи, како што напиша нејзиниот татко на Фејсбук, мајката на нејзиниот партнер ја нарекла „клошарски облечена девојка која на матурска дошла без фустан “ и му забранила на синот да оди со неа на матурска. Тој напиша дека како родители ја подржале во идејата и биле горди на неа бидејќи го виделе плодот на нивното долгогодишно воспитување, но истовремено длабоко е разочаран што неговата ќерка беше исмеана од нејзината генерација поради својот хуман потег.

„Тука, според мене, постојат две димензии кои се многу важи. Прво хуманоста на едно дете и неговата желба да се откаже од фустанот, за кој секоја тинејџерка сонува да го облече на матурската и со тоа да помогне на децата што се борат за живот. Втората димензија е она што ме престраши. Што е со оние деца кои поради сиромаштија немаат можност да купат фустан? Утре тие деца ќе бидат осудени на понижување. Поради немаштија нека да смеат да се појават на матурска затоа што ќе бидат предмет на нечие исмејување“, изјави Ениз, таткото на девојката за хрватскиот портал Индекс истовремено не можејќи да се начуди како родителите денес ги воспитуваат своите деца.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button