На грчките плажи ова лето со дронови ќе го спречуваат ширењето на коронавирусот – еве како ќе изгледа бањањето
Според најавите најмногу 40 лица можат да престојуваат на 1.000 квадратни метри
Грците викендов се собраа на морското крајбрежје, откако повеќе од 500 плажи повторно беа отворени во земјата која се обидува да балансира помеѓу заштита на луѓето од опасниот вирус корона и повторното заживување на туристичкиот сектор од кој зависат многумина.
За многумина, ова беше прво излегување на некое поголемо јавно место откако Грција, при крај на минатиот месец започна да ги олабавува карантинските мерки, а тоа се совпадна и со првиот топлотен бран оваа година. Од граѓаните се бара да ги почитуваат мерките за да го задржат своето растојание, вклучително и растојанието на кое мора да се постават чадори. Најмногу 40 лица можат да престојуваат на 1.000 квадратни метри, додека чадорите треба да бидат оддалечени четири метри едни од други, а настрешниците најмалку еден метар, според владиниот прирачник.
На популарната плажа Алимос, јужно од Атина, луѓето чекаат во ред уште од раните утрински часови да заземат место под сонцето. „Ова е најдоброто нешто за нас постарите … Да дојдеме и да се опуштиме малку откако толку време бевме затворени“ рече Јенис Тентомас, додавајќи дека ги почитува правилата за држење дистанца.
DIRECTO | Abren las playas en Grecia, con sombrillas para marcar la distancia de seguridad https://t.co/phhBYgBn1J https://t.co/Ax5gRpe8z3
— EL PAÍS (@el_pais) May 16, 2020
На соседната плажа, беспилотно летало лета и ги надгледува лежалките, а од звучниците апелира до луѓето да одржат безбедна далечина.
Укинувањето на карантинот дојде во време кога земјите ширум Европа и светот ги олеснуваат рестриктивните мерки воведени заради вирусот корона. Повеќе од 2.800 случаи на коронавирус и 160 трагични случаи се регистрирани во Грција. Земјата на 4 мај започна да ги олеснува карантинските мерки што беа во сила од средината на март.
Нови правила
Грција како и секогаш сака и ова лето да пречекува туристи, но мора да бидат преземени мерки на претпазливост и како земја да покаже лидерство во управувањето со пандемијата од коронавирусот, наметнувајќи правила со чие почитување сите би се чувствувале безбедно, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис.
Greeks return to beaches in heatwave, but keep their umbrellas apart https://t.co/fOuxifcorh pic.twitter.com/qYiDwqsxii
— Reuters (@Reuters) May 16, 2020
Во интервју за Би Би Си радио, тој рече дека е многу важно, во моментот додека се размислува за повторно покренување на моторот на економијата, како да се овозможат патувања и како одговорно тоа да се направи, пренесе АНА.
На прашањето дали мерките ќе вклучуваат и негативен тест на коронавирус од туристите пред да отпатуваат, грчкиот министер потврди дека тоа е една од идеите за кои разговарале со грчките епидемиолози, иако се уште не е одлучено ништо, и дека најверојатно ќе има одредени барања пред да се тргне на патување.
„Да, ние сакаме луѓето да дојдат во Грција. Секако дека ќе преземеме мерки за претпазливост во поглед на барањата пред патувањата, одредени барања според начинот на кој патуваме, начинот на кој остануваме, на плажите итн“. рече грчкиот министер за туризам и додаде дека сигурно ќе се применуваат правила за социјално дистанцирање..