Реклама
Холивуд

На Грејс Џонс годините не и можат ништо – и на 70 години изгледа неверојатно

Реклама

Пејачката, актерката, артистката, моделот и модната икона Грејс Џонс беше во центарот на вниманието на модната ревија на Томи Хилфигер на модната недела во Париз.

И покрај тоа што има 70 години, тоа не ја спречува да ги засени многу помладите модели од неа и да биде во центарот на вниманието, но и еден од главните адути за привлекување на внимание за време на преставувањето на новата колекција на престижната модна куќа Томи Хифлигер која беше дизајнирана од страна на актерката Зендаја.

Маркетинг

Таа се појави на модната патека во метална јакна и златно боди, а нејзините нозе беа голи. Цело време танцуваше пред воодушевената публика додека во позадина ја следеше нејзината песна „Pull up to the bumper”.

Маркетинг

Денешните поп диви Ријана и Лејди Гага признаа дека токму Џонс им била голема инспирација во животот.

Но кога Гага и понудила соработка, Грејс веднаш ја одбила со објаснување дека не сака да има соработка со плагијатори на нејзината работа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button