На Вики нема да и биде сеедно кога ќе ги слушне овие зборови на МАКЕДОНСКАТА Гранд ѕвезда: „Често се расправавме“
Македонскииот пејач Мите Стоилков беше гостин во естрадната емисија „Гранд магазин“ и откри детали од неговата соработка со Вики Миљковиќ.
Младиот македонски пејач Мите Стоилков кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ ја промовира својата нова песна „Амајлија“.
Мите пред неколку години победи во „Пинк ѕвездички“, а во „Ѕвездите на Гранд“ во финалето го освои четврто место.
Тој сега во емисијата зборуваше отворено што му се случува и како изгледаше неговиот пат до успехот.
„Кога заврши натпреварот во ‘Пинк ѕвездички’ некако се застана. Тогаш се вратив во Македонија, тоа беше многу тежок период за мене“, зборуваше искрено талентираниот пејач во емисијата.
Мите се потсети и на периодот додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на фолк-пејачката Вики Миљковиќ. Тој пред камерите зборуваше отворено за тоа како изгледше нивната соработка.
Имено, како што самиот вели, тој со својата менторка често се карал на пробите и тоа најмногу затоа што сакал да пее некои песни што не се големи хитови, но да го „донесе“ пред публиката и жирито на свој начин.
На крајот секогаш ќе пронашле компромис така што песната сепак ќе била комерцијална, но и испеана онака како што треба, вели Мите.
„Не дека навистина се каравме, но разменувавме мислења“, вели Мите кој потоа додаде и со кого би сакал да сними дует.
Тој најпрво зборуваше за тоа кој од натпреварувачите, според него, најдобро се снашол, и со кого од нив би снимил дует.
„Исак според мене е некој кој навистина постигна голем успех како и Махир. Од друга страна морам да кажам дека некако сите за себе сме победници. Но ако зборуваме за сите сезони, некој сум што преферира забавна музика, но Дарко Лазиќ многу сакам да го гледам и да ги слушам неговите хитови. Дарко би го издвоил како човек што постојано работи. Тој е многу популарен и кај нас во Македонија. Би сакал некогаш да снимам дует со него“, искрено и одговори талентираниот пејач на водителката на „Гранд магазин“.
„Додека работев со Вики често се каравме бидејќи јас сакав да пеам некои песни кои не се големи хитови и да го направам тоа на свој начин. Не дека навистина се каравме, но разменувавме мислења и секогаш ќе најдевме некој компромис песната да биде комерцијална, но и да може да се испее онака како што треба“, вели Мите, пишува „Гранд.онлајн“.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Извор: Гранд.онлајн, Гламур