На ваквото тело на Илина многу девојки можат само да и завидуваат – фотографии заради кои веднаш ќе почнете со тренинзи

Вака изгледа жена во топ форма

Изгледот на Илина Арсова не е ретко тема на коментирање во медиумите и на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како успева да изгледа олку беспрекорно.
На нејзиното тело можат да и завидуваат многумина, а кога ќе се соблече во костим за капење никој не е рамнодушен.
Таа едноставно не престанува да ги воодушевува фановите со својот изглед, кој го има благодарение на редовните тренинзи и здравата исхрана.

Нејзините стомачни мускули уште еднаш ја воодушевија јавноста откако Арсова на социјалните мрежи објави фотографии во костими за капење.

Додека го минува времето покрај вода, таа нема проблем да го покаже резултатот од напорните тренинзи кои се неверојатни.

Илина овој пат позираше во црн дводелен костим за капење, а во центарот на вниманието се нејзините беспрекорно исцртан мускули.
Таа со оваа фотографија ги воодушеви сите, но и многумина инспирираше да почнат вендаш со тренинзи.

Инаку, што се однесува до нејзината исхрана, таа во една пригода за Гламур откри какви се нејзините оброци.

„Едноставна храна, но и мешавина од вкусови. Речиси во се што приготвувам ставам неколку видови семиња. Често јадам јајца, просо, леќа, сите видови тестенини, различни видови сирења. А од зеленчук обожавам морков, авокадо, зелка и краставица. Од овошките сакам диња“ изјави Илина и додаде:

„Навлечена сум на сникерс сладолед и одредени денови го консумирам во неограничени количини“.
Покрај здравата храна, Илина е врвна спортистка која тренира речиси секојдневно, а како изгледаат нејзините тренинзи погледнете од галеријата во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
