TV

На Боки 13 не му се допадна новата фризура, па го нападна стилистот: „Како баба ми покојна ме направи“

Боки 13 се запрепасти кога се виде во огледало.

Реклама
Реклама

Не му се допадна новата фризура, па се „истури“ врз стилистот.

Познатиот шоумен и инфлуенсер Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 е доста активен на Инстаграм каде скоро секој ден се вклучува во живо, редовно споделува објави од своето секојдневие и комуницира со воите следбеници.

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

Пред неколку дена го прослави 38 роденден, а на неговата роденденска забава присуствуваа многу познати и успешни личности од нашата земја.

Маркетинг

Обожава луксуз и гламур, па токму во тој стил беше и неговиот роденден.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Боки 13

Вљубеник е во модата и секогаш е среден од глава до пети.

Боки работи со полна париера и на своите фанови им најави нов проект насловен „Автобиографија“.

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

За релизирање на овој проект ги собра најуспешните луѓе од различни професии.

Еден од нив е и стилистот Даниел Николовски.

На својот Инстаграм профил Боки сподели видео од студиото на Даниел на кое ја покжа новата фризура, која воопшто не му се допаднала.

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

Имено, Даниел му направил кадрици, фризура која е популарна веќе некое време и кај посилниот пол.

Боки запрепастен од тоа што го гледа во огледало му рече на Даниел: „Да не сум ти глушец експериментален. Баба ми покојна вака ја упокоивме, вака беше фрчкана“, рече Боки, на што Даниел почна да се смее на целиот глас, а Боки му возврати:

„Што се смееш бе, блесав еден? Види на што личи, како овца ме направи во главата. Ти стварно мајтап си играш со мене. Кај сум будала, уште побудала сум ваков. Пери ме“, кажа Боки.

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

13315

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

ФОТО: Инстаграм / Боки 13

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button