Реклама
Вирално

На бебе му удри шлаканица – страшни детали што ги откри жената што ја снимаше воспитувачката која го згрози целиот Балкан!

Реклама

Против медицинската сестра од видеото што ја згрози цела Србија поднесена е кривична пријава, а според законот максимална казна за ова дело е до три години

Медицинската сестра Ѓурѓија Алемпијевиќ (23) против која е поднесена кривична пријава откако во јавноста исплови видеото на кое се гледа како грубо се однесува кон едно дете во Центарот за деца во кој што работи, додека друго го фотографира, би можела да се соочи со три години затворска казна според Кривичниот законик во Србија.

Маркетинг

На видеото што беше објавено на социјалните мрежи се гледа како медицинската сестра, инаку вработена во Центар за заштита на доенчиња, деца и млади, се однесува нехумано кон едно двегодишно дете – го носи во една рака како да е вреќа, додека со другата прави нешто со мобилниот, а потоа го фрла на креветот, додека другото го фотографира со телефонот и тоа на место каде фотографирањето е строго забрането.

Фото: Принтскрин

Видеото го направила М.Ј, мајка на едно од децата сместени во Центарот, откако го забележала непримерното однесување на воспитувачката кон децата. Кривична пријава ќе биде поднесена и против неа поради снимање, но таа откако дознала за тоа, самата се пријавила во полицијата.

Маркетинг

Таа за српскиот Курир изјави дека забележала како воспитувачката се однесува безобразно и непримерно кон децата. Таа забележала дека еден ден воопшто не ги изнела децата од креветчето, седејќи во затемнета просторија, и цела смена минувајќи во зборување преку телефонот. Не ги изнесувала надвор ниту им давала играчки или да им пушти цртани, а кога видела како едното дете го оставила на пултот за превивање и ја немало неколку минути, бебенцето за малце ќе паднело од пултот висок метар и дваесет

Фото: Принтскрин

Како што сведочи мајката на едно од децата во Центарот, кога ја забележала воспитувачката како го носи истото дете што потоа ќе се најде во видеото со едната рака, а по пат удира друго, решила да го постави својот мобилен телефон на стаклото, да се сокрие и да ја снима.

Откако го прегледала видеото се шокирала, најмногу затоа што помислила дека можеби го слика детето за продажба. Имено, во Србија веќе некое време медиумите предупредуваат дека се случува криминал со одземање и потоа давање на децата во други семејства, па затоа оваа мајка, исплашена дека можеби уште некој друг е вмешан во целата работа, некој од вработените во Центарот, решила видеото да им го даде на движењето Левијатан кои истото го објавија на Фејсбук.

Таа вели дека се исплашила кога на еден Фејсбук профил видела како во минатото една докторка која работела во истиот Центар била обвинета дека за 8000 долари продала дете во Америка, па исплашена решила да преземе мерки. Откако видеото било објавено на социјалните мрежи, таа самата решила да се пријави во полиција и вели дека тоа повторно би го направила. „Можеби спасив нечиј живот и не дозволив да се случи озбилно насилство и малтретирање на децата, а на таа воспитувачка треба а и се забрани да работи со нив“, заклучува оваа загрижена мајка во интервјуто за Курир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button