На албанската пејачка и се смеат сите – се прошета со мрсна коса, обожавателите во шок поради ваквото издание
Една од најпознатите албански пејачки во шок издание
Познатата британска пејачка со албански корени Дуа Липа ги изненади сите с0 своето последно издание.
Имено, пејачката која веќе со месеци е во љубовна врска со помладиот брат на познатите сестри Џиџи и Бела Хадид, Анвар, се прошета низ Њујорк во потполно необично издание.
Фотографиите што се појавија на интернет ги оставија сите без зборови. Како прво, таа својата црна коса со која пред само неколку дена ги изненади сите (види тука) овој пат ја бојадиса во посветла нијанса, што воопшто не им се допаѓа на нејзините фанови на социјалните мрежи.
Но нејзината коса изгледаше и како со недели да не е измиена, па ја советуваа наместо пуштена коса да се шета со опавче.
„Неуредна си“, и порачаа фановите.