Славниот актер, Ал Пачино (83) ќе стане татко по четврти пат. Светските медиуми пишуваат дека неговата 29-годишна девојка, Нор Алфалах, е бремена.
Според порталот ТМЗ, славниот актер и неговата партнерка се само еден месец од пристигнувањето на принова во нивното семејство.
Актерот веќе ја има ќерката Џули (33) со поранешната девојка Јан Тарант, како и близнаците Оливија и Антон, двајцата 22 години, со актерката Беверли Д’Анџело.
Пачино и Алфала најпрво ги поттикнаа гласините дека се во врска откако беа забележани како одат на вечера минатиот април. За првпат од јавноста беа забележани на заедничка, романтична вечера.
Нур Алфалах и претходно била поврзувана со постари, славни личности. Нејзината последна позната врска со Мик Џегер заврши во 2017 година, а претходно беше поврзувана и со Клинт Иствуд.
Алфала е родена во Беверли Хилс, ја посетувала школата за театар, филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжува со кариерата како продуцент.
Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чен. Токму затоа, и Пачино се најде на насловните страници со веста дека ќе стане татко.
Што мислите вие, каков вкус за жени има Ал Пачино?