НА 25 ГОДИНИ ПОЧИНА ПОЗНАТА ИНФЛУЕНСЕРКА: СЕМЕЈСТВОТО ЈА ОБЈАВИ тажната вест, голема загуба

На 25 август, беше нејзината последна објава на Инстаграм, каде ја следат 186.000 луѓе
Инфлуенсерката Јулијана Рош почина на 25-годишна возраст. Пред два месеци таа мистериозно исчезна од социјалните мрежи.

Нејзиното семејство ја објави тажната вест на нејзиниот Инстаграм профил. Погребот беше вчера.
„Со длабока тага ве информира семејството на Џулиана Рош – нејзината публика и сите оние кои имаа добро мислење за неа – дека таа почина“, се вели во соопштението на семејството на оваа инфлуенсерка.

На 25 август, шминкерката последен пат објави на Инстаграм, каде ја следат 186.000 луѓе, нејзините фанови се прашуваа што се случува со неа.
Таа на популарната социјална мрежа имаше објави за шминка, мода, нега на нокти и коса. Нејзината последна објава на TikTok има 1,9 милиони прегледи.

Се јавија бројни пријатели, а некои веруваат дека Јулијана се борела со ракот.
“Во шок сум. За жал, вистина е, луѓе. Јас сум пријател на Марлон и тој го потврди тоа. Џулијана се бореше со леукемија”, рекол Тиаго Мело.

Семејството не открива детали за причината за смртта.
Џулијан Роша по потекло е од Рио де Жанеиро, поради тажната вест маркетинг агенцијата Helloo Folks која соработува со инфлуенсери објави порака во нејзина чест, пишува Дејли Меил.




