На 15 години настапуваше со Ферус и испеа еден од најголемите хитови – еве како изгледа денес
„Помисли на мене“ ја испеа во 1995 година, на почетокот на кариерата, а песната е голем хит до ден денес.
Лидија и понатаму е музички активна и е една од најангажираните пејачки во земјава.
Најактивна е на македонските свадби, родендени и друг вид семејни прослави.
ФОТО: Фејсбук / Лидија Спасовска
Својата кариера ја започнала настапувајќи со својот брат Веско и познатиот музичар Ферус Мустафов.
– Јас потекнувам од музичко семејство. Моите почетоци се од основно училиште, пеев во хор, а потоа почнав да настапувам со брат ми Веско.
Мојот прв албум го снимив на 15 години со 8 песни од кои „Помисли на мене“ е мојата лична карта, за која музиката и аранжманот се на Горан Георгиевски, а текстот на Боби Петковски. За многу кратко време откако излезе албумот станав многу позната и барана пејачка. Почнав да пеам во „Велчево меанче“ во Скопје заедно со Ферус Мустафов и продолжив до ден-денес со соработка со сите мои колеги и колешки, изјави Лидија во едно свое интервју.
ФОТО: Фејсбук / Лидија Спасовска
Извесно време направи пауза и се посвети на своето семејство.
Со сопругот Југослав се повеќе од 2 децении во брак и тој ѝ е најголема поддршка во сѐ.
ФОТО: Фејсбук / Лидија Спасовска
Круна на нивната љубов се нивните две деца – Кристијан и Марија, за кои пејачката секогаш зборува со огромна љубов.
Често има настапи надвор од земјава – Австралија, Америка и цела Европа и тоа ѝ ги отежнува обврските дома, но со добра организација и одличен партнер се е можно.
ФОТО: Фејсбук / Лидија Спасовска
Лидија е една од оние жени за кои велиме дека стареат како виното.
Времето како да запрело за неа, а скоро целиот работен век е препознатлива по русата коса.
Погледнете: