Фолк пејачот Дарко Филиповиќ за прв пат се огласи јавно по разводот.
фото принтскрин/Јутјуб
„Музиката не е лек за мене, немам што да кажам ниту сакам да зборувам за мојот приватен живот, тука е крајот на приказната за мене, одиме понатаму. Можеби сум отворен за нови љубови“, рече Дарко за „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
Пејачот пред неколку дена слета од Париз на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а по тој повод зборуваше и за неговиот професионален живот, кој тргна во нагорна линија.
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
„Сега сум најуморен, не спиев два дена, поточно само пет и пол часа. Многу е тешко, кога не спијам не можам ни да пеам. Пеев на 18-ти роденден, беше навистина прекрасно. Тие се прекрасни луѓе, веќе неколку пати пеам за нив, си поминавме лудо, штета што не можев да останам подолго, морав да се вратам поради обврски. Има и бакшиш, некогаш помалку, некогаш повеќе“, истакна Дарко за „Блиц“.
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
Да потсетиме, пред неколку месеци веста дека Дарко Филиповиќ се разведува од неговата сопруга Јасмина по 12 години брак одекна како бомба во медиумите.
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
„Ако не и е срам, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневеруваше со, сега веќе поранешен другар.
„Треба да и е срам, бидејќи сите што и беа блиски ја отфрлија. Како што гледате на мене образот ми е чист и затоа не ги менувам броевите и не ги бришам профилите на Инстаграм од срам“, изјави тогаш огорчено познатиот пејач, а воедно и се обрати на поранешната за крај:
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
„И посакувам се најдобро“, изјави тој за српскиот портал „Република“.
Имотот на Дарко Филиповиќ нема да и припадне на неговата поранешна
-Дарко е многу разочаран, не може да поверува дека го изневерила, а тој и дал се! Има стан во Грција, викендица во Голупац, неколку станови во Белград, се што заработил вложил во недвижнини, но ништо нема да и остави. Тој ќе го обезбеди детето, но не и Јасмина. Толку многу ја сакаше, сега не може да ја види со очи. Сите ја обвинуваа за изневерувањето. Дури и нејзиното семејство е луто, истакна неодамна близок пријател на Дарко.
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
Таа и нејзиниот нов партнер излегуваат заедно во јавност, таа се забавува покрај него но многумина се прашуваат што ќе прави кога тој ќе ја остави?
Фото: Инстаграм/ Јасмина Филиповиќ
Дарко е дециден дека нема да и даде ништо – заклучува изворот.