Големо БРАВО за Мерцедес
Светот на Формула 1 неодамна го одбележа прекрасниот гест на Мерцедес. Имено, лидерите на тимот, чии возачи се Луис Хамилтон и Валтер Ботас, одлучиле да испратат еден од своите болиди на домашна адреса на момчето кое што е нивен фан и кое боледува од рак во терминална фаза.
Петгодишното момче Хари Шо од Редхил во Сари еднаш преку Инстаграм испрати поддршка за Луис Хамилтон, а сега неговиот тим одлучи да му се оддолжи откако се врати од болница дома да ги помине последните денови од својот живот.
Хамилтон го опиша малиот Хари како негов ангел чувар и му ја посвети победата во неделата. Покрај болидот, на пат тргна и трофејот на Хамилтон од трката како барем малку би го расположиле момчето.
Видеото кога пристигнува болидот кај момчето можете да го погледнете во продолжение..
https://www.instagram.com/p/BxW7MFulQsR/?utm_source=ig_embed