И тоа во фустан од „Долче и Габана“ од 3700 евра
Моника Белучи е позната како љубителка на монохроматски изданија кои во нејзина режија изгледаат беспрекорно. Но таа на црвениот килим на „ELLE Charity Gala“ забавата во Мадрирд се појави во потполно неочекувано издание со кое ги изненади нејзините обожаватели.
Имено, во прашање е „mix and match“ цветен фустан со потписот на познатата италијанска модна куќа „Долче и Габана“ поради кој убавата актерка не помина баш најдобро кај модните критичари.
Имено комбинацијата од цветните мотиви во речиси сите бои, како и широките ракави украсени со точки и фалти како додаток на шаренилото резултираа целосниот впечаток да биде „ту-мач“, посебно кога ќе се земе во предвид и цифрата на моделот која за многумина е пресолена.
Моника откако е во врска со новото момче, Николас Лефебвер, многу почесто ја гледаме во одважни комбинации во кои порано ретко ја гледавме.
Но и покрај тоа што фаталната убавица според нас и во ова издание изгледа неодоливо, во модните кругови се едногласни дека ова е едно од нејзините најлоши изданија.
Што мислите вие?