Можеби ќе најдеш некој да те сака половина од мене – Џамбазов емотивен, оваа жена му недостасува
Таа е архитект по професија и живее далеку од Македонија, а Џамбазов отсекогаш ја обожавал
Иако живеат илјадници километри далеку, тие и денес се многу поврзани, а Игор никогаш не криел колку си ја сака и обожава.
Еден од нашите најпознати актерки Игор Џамбазов и денес е поприлично поврзан со својата сестра Татјана Џамбазова, која милува да ја вика Тања и која веќе со години не живее во Македонија.
Таа пред повеќе од три децении замина во САД, а по професија е архитектка и долги години работеше во компанија за софтвер во Сан Фрнциско. Но покрај нејзината успешна кариера на професионално поле, и Тања како и нејзиниот брат има наследено уметнички гени од своите мајка и татко, но и од дедото Прличко.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Па така во 2016 година таа сними три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, сопругата на Бертолд Брехт. Исто така таа постојано и патува, а посебно место во нејзиното срце отсекогаш била Африка.
Инстаграм/ Татјана Џамбазова
„Ми недостига мојата Африка… Носталгија за топла прегратка и мирис на крзно“, сподели Тања во една пригода во коментарот под фотографија на која таа буквално се прегрнува со лавови и други диви животни.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Тања во Македонија последен пат беше во 2022 година, кога почна маестро Александар Џамбазов, а колку му недостига на Игор може да видиме и од фотографијата што тој ја објави деновиве.
Имено, тој сподели една нивна постара заедничка фотографија, а во коментарот напиша стих од легендарните „Квин“.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
„Плови слатка сестро, плови преку морето, можеби ќе најдеш некој, да те сакаа половина од мене“, напиша Џамбазов.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Потсетуваме, Игор Џамбазов покрај својата актерска кариера минатата година одбележа и 30 години соработка со Гуру Харе.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Тој е и писател и неговите книги се едни од најпродаваните, па во една пригода, на прашањето како успева да го постигне сето тоа и како се релаксира, Игор искрено одговори:
„На одмор не сум бил повеќе од 20 години. Но еве, баш сега додека го правиме интервјуто, јас се наоѓам во Куманово спа, каде што дојдов на рифреш, рестарт и ресет на душа, тело и мозок… Иако живеам во Дојран, се уште сакам да пронаоѓам и да посетам нови убави места низ Македонијава, кои нудат релакс програма. А ги има се повеќе такви…“, изјави Игор тогаш за Гламур магазин.